Игуаин постигна хет-трик, а потоа неговиот тим со гол во 97 минута се спасуваше од пораз (Видео)

Интер Мајами и Синсинати го одиграа највозбудливиот меч ноќеска, а на крајот немаше победник и средбата заврши 4:4. Некогашниот голгетер на Реал Мадрид и на Јувентус, Гонзало Игуаин блесна на овој меч, постигнувајќи хет-трик уште во првото полувреме, но и тоа не беше доволно неговиот Интер да победи.

Серијата од осум погодоци ја отвори токму Игуаин и тоа со прекрасен гол од слободен удар во 22 минута. До крајот на првиот дел, Игуаин комплетираше хет-трик, но и гостите не спиеја и погодија два пати за 3:2 на полувреме.

Во вториот дел Синсинати направи комплетен пресврт и со погодоци во 81 и 86 минута поведе со 4:3. Сепак Интер се спаси од пораз со голот на Меквеј во 90+7 минута и на крајот средбата заврши 4:4.

- Оглас -

Најнови вести