Игуаин е неизвесен за дербито против Јувентус

Милан е во низа од три победи во италијанската Серија А. „Росонерите“ вечерва се израдуваа на триумф против Удинезе. Единствена лоша работа за „росонерите“, од овој меч е повредата на Гонзало Игуаин.

Аргентинскиот голгетер беше заменет во 35 минута од првото полувреме, кога се пожали на болки во грбот. Според прогнозите, се работи за незгодна повреда која може да го одвои Игуаин од теренот и тој да не игра на следниот меч од првенството.

Милан во следното коло, на 11 ноември го очекува големото дерби против Јувентус. Актуелниот шампион ќе гостува на „Сан Сиро“, а можно е Милан да биде без Игуаин во тимот, играчот кој дојде токму од редовите на гигантот од Торино.

Со освоените три бода на мечот против Удинезе, Милан има 21 бод, точно 10 помалку од лидерот Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести