Гонзало Игуаин е промовиран во нов играч на Интер Мајами и стана главна ѕвезда во клубот во кој газда е Дејвид Бекам. Аргентинскиот голгетер вчера и официјално го напушти Јувентус, а денеска веќе е во новиот клуб.
„Прво сакам да му се заблагодарам на Интер Мајами што има доверба во мене. Мислам дека ова ќе биде прекрасно искуство во мојата кариера. Ова е тоа што го барав, нова авантура, нов предизвик. Пристигнав во нова лига, во прекрасен град. Многу сум среќен што сум тука“, изјави Игуаин на промоцијата.
Најголемиот дел од кариерата Игуаин ја помина во европски гиганти. Откако во 2005 година заигра за Ривер Плејт, две години подоцна направи трансфер во Реал Мадрид, а играше и за Наполи, Јувентус, Милан, Челзи, за сега да се пресели во Интер Мајами. Игуаин има одиграно и 75 меча за репрезентацијата на Аргентина од која се повлече пред две години.
Without further ado…
Welcome to Inter Miami, Gonzalo Higuaín! pic.twitter.com/tZ8uPkbqeq
— Inter Miami CF (@InterMiamiCF) September 18, 2020