Англискиот премиерлигаш Челзи и официјално се пофали дека Гонзало Игуаин е нивниот нов играч. Аргентинскиот голгетер сезонава играше за Милан, а до крајот на сезоната ќе игра како позајмен играч на „Стемфорд бриџ“. Игуаин останува во сопственост на Јувентус, па Челзи доколку сака да го задржи и по завршување на сезоната, ќе треба да му „искешира“ на италијанскиот првак.
„Морав да ја искористам шансата која ми ја даде Челзи. Тоа е тим кој секогаш сум го сакал. Има богата историја и прекрасен стадион. Мило ми е што ќе играм во Премиер лигата“, рече Игуаин.
https://twitter.com/ChelseaFC/status/1088174239545475072
Неполн час пред да биде потврден потписот на Игуаин во Челзи, италијанските новинари потврдија дека Кжиштоф Пјонтек од Џенова е нов играч на Милан. „Росонерите“ платија 35 милиони евра за доведување на полскиот голгетер, кој сезонава даде 19 погодоци во 21 меч во првенството и Купот на Италија.
Официјалната промоција на Пјонтек на „Сан Сиро“ ќе биде утре попладне.
https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1088160554164862977