Игуаин веќе е играч на Челзи, Пјонтек утре ќе има промоција во Милан

Англискиот премиерлигаш Челзи и официјално се пофали дека Гонзало Игуаин е нивниот нов играч. Аргентинскиот голгетер сезонава играше за Милан, а до крајот на сезоната ќе игра како позајмен играч на „Стемфорд бриџ“. Игуаин останува во сопственост на Јувентус, па Челзи доколку сака да го задржи и по завршување на сезоната, ќе треба да му „искешира“ на италијанскиот првак.

„Морав да ја искористам шансата која ми ја даде Челзи. Тоа е тим кој секогаш сум го сакал. Има богата историја и прекрасен стадион. Мило ми е што ќе играм во Премиер лигата“, рече Игуаин.

Неполн час пред да биде потврден потписот на Игуаин во Челзи, италијанските новинари потврдија дека Кжиштоф Пјонтек од Џенова е нов играч на Милан. „Росонерите“ платија 35 милиони евра за доведување на полскиот голгетер, кој сезонава даде 19 погодоци во 21 меч во првенството и Купот на Италија.

Официјалната промоција на Пјонтек на „Сан Сиро“ ќе биде утре попладне.

 

 

- Оглас -

Најнови вести