Игуаин во Челзи е завршена работа, но утре нема да игра против Тотенхем

Гонзало Игуаин ќе биде играч на Челзи во следните неколку часа, потврди тренерот Маурицио Сари на денешната прес-конференција во пресрет на реваншот со Тотенхем во полуфиналето од Лига купот на Англија. Сари имаше само пофални зборови и се надева дека ќе може што побрзо да ја пронајде голгетерската форма.

Сепак, Аргентинецот не ќе може да настапи на утрешниот дуел на „Стемфорд бриџ“, најверојатно раководството не стигна навреме да го регистрира. Игуаин ќе има шанса да дебитира во синиот дрес веќе за неколку дена, кога Челзи на домашен терен ќе го пречека второлигашот Шефилд вензди во рамките од четвртото коло во ФА купот.

„Само часови се во прашање кога ќе биде официјализиран трансферот. Игуаин е врвен напаѓач, голем борец кој секогаш сака да победува. Се надевам дека ќе ја пронајде својата голгетерска форма што побрзо. Сепак, невозможно е да настапи утре, во мечот против Тотенхем“, истакна Сари.

Игуаин до крајот на сезоната ќе биде позајмен на Челзи, а во зависност од неговите настапи, ќе се одлучува дали позајмицата ќе биде продолжена на уште една сезона или, пак, „сините“ во целост ќе го откупат фудбалерот од Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести