Ихеаначо постави рекорд кој никогаш нема да биде урнат во Премиер лигата!

Со голот кој го постигна синоќа во поразот на Лестер против Челзи од 1-2, нигерискиот фудбалер Келечи Ихеаначо испиша нова страница во историјата на англиската Премиер лига. Тој стана прв фудбалер кој во една сезона постигнал гол во сите денови од неделата.

На 24-годишниот Ихеаначо, кој игра фантастично во втората половина од сезонава, му фалеше само гол во вторник и сега откако му успеа, се запиша во историјата како прв и единствен кому му успеало ова. Шаренилото во календарот му помогна да влезе во историјата и да постави рекорд кој не може да биде урнат, туку евентуално некогаш само изедначен.

- Оглас -

Најнови вести