ИХФ го потврди учеството на Македонија на младинскиот ракометен мундијал

Светската ракометна федерација (ИХФ) потврди дека машка јуниорска ракометна репрезентација на Македонија ќе учествува на СП 2025 во Полска откако на ЕП, кое штотуку заврши, го освои деветтото место.

Шпанија, Португалија, Данска, Германија, Шведска, Австрија, Исланд, Норвешка, Македонија, Франција, Хрватска, Унгарија, Србија, Словенија, Романија и домаќинот Полска, се селекциите од Европа кои ќе учествуваат на младинскиот ракометен мундијал.

Претставници на Азија ќе бидат репрезентациите на Бахреин, Јапонија, Саудиска Арабија и на Јужна Кореја. Другите 11 претставници ќе бидат од Африка (5), Јужна и Централна Америка, Америка и Кариби.

- Оглас -

Најнови вести