ИХФ се закани: Ако се повторат инцидентите – Македонија ќе игра без гледачи на СП

Меѓународната ракометна федерација, ИХФ, ја објави својата „пресуда“ за инцидентите кои се случија на мечот помеѓу Македонија и Холандија на Светското првенство во Вараждин.

ИХФ ги опоменува Ракометната федерација на Македонија, како и хрватската како организатор и домаќин, да не се повторат инцидентите, во спротивно ќе следува комплетна забрана за присуство на гледачи на натпреварите на кои игра Македонија.

Сепак, делот од трибината што се наоѓа позади клупите на репрезентациите и записничката маса во иднина ќе биде празен, а домаќинот ќе треба да обезбеди поригорозен претрес на влезовите, како и зголемено присуство на полиција во салата.

- Оглас -

Најнови вести