Икарди дебитираше за Галатасарај и веднаш се степа изнудувајќи црвен картон (Видео)

Мауро Икарди неодамна потпиша за турскиот гигант Галатасарај, а синоќа го имаше и дебито за новиот клуб. На дуелот против Коњаспор, Галатасарај победи со 2:1, а Икарди ги одигра последните 30 минути.

Аргентинскиот голгетер во игра влезе при резултат 1:1, а Галатасарај се израдува на погодок во 82 минута за 2:1. Се играше 89 минута кога гостинскиот голман гостинскиот голман Ибрахим Шехиќ, влезе во конфликт со Икарди, а останатите фудбалери спречија да нема посериозен физички контакт.

Главниот судија им даде жолт картон на двајцата „воини“, а фактот дека Шехиќ претходно имаше јавна опомена, значеше исклучвање на голманот на Коњаспор.

- Оглас -

Најнови вести