12.8 C
Skopje
сабота, 13 декември 2025

Икарди е пред враќање во Милано, но нема да го носи дресот на Интер

Аргентинскиот интернационалец, Мауро Икарди, е многу блиску до враќање во Италија, откако го загуби статусот на првотимец во Галатасарај, па сега сака да си замине уште во јануари.

Икарди оваа сезона настапи на 20 натпревари и постигна седум гола, па сега интерес за него има од Милан, градскиот ривал на Интер.

Аргентинецот од 2013 до 2019 година беше дел од Интер, а еден период дури беше и капитен, па ќе биде интересно да се види како ќе реагираат навивачите доколку овој трансфер се реализира.

Аргентинецот во 2023 година направи трансфер од ПСЖ во Галатасарај за 10 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести