Луцијан Фавр одлучи да му даде шанса на Ерлинг Браут Халанд да игра од старт за Борусија Дортмунд вечерва од 21 часот против Пари Сен Жермен, во првиот осминафинален дуел во Лигата на шампионите.
Сензационалниот тинејџер од Норвешка ќе има задача да постигне гол(ови) за спокоен реванш во Париз, но и ПСЖ си има свои адути на легендарниот „Вестфален“, или „Сигнал Идуна парк“ во Дортмунд.
Кај гостите во нападот ќе биде триото: Нејмар, Мбапе, Ди Марија, а на клупата останаа Икарди и Кавани.
И во Мадрид на „Ванда Метрополитано“ ќе биде жешко вечерва, а почнува двомечот меѓу Атлетико Мадрид и Ливерпул.
Гостите се европски шампиони и ќе играат во стандардниот состав со Мане, Салах и Фирмино во нападот. Кај Атлетико за голови ќе бидат задолжени, пред сè, Мората, Кореа и Лемар.
Состави:
Борусија Дортмунд: Бурки – Пишчек, Хумелс, Загаду – Хакими, Џан, Витцел, Гереиро – Санчо, Халанд, Т. Азар.
ПСЖ: Навас – Муние, Кимпембе, Т. Силва, Курзава – Верати, Маркињос, Гвеје – Ди Марија, Мбапе, Нејмар.
Атлетико Мадрид: Облак – Лоди, Фелипе, Савиќ, Врсалјко – Лемар, Томас, Саул, Коке – Мората, Кореа.
Ливерпул: Алисон – Александер-Арнолд, Гомес, Ван Дајк, Робертсон – Хендерсон, Фабињо, Вајналдум – Салах, Фирмино, Мане.