Икарди ја води Галатасарај кон титулата во Турција, победи и Трабзон на Енис Барди (Видео)

Мауро Икарди донесе голема победа за Галатасарај во градското дерби против Истамбул Башакшехир од 1-0, откако во седмата минута од судиското надополнување на времето беше прецизен реализатор на удар од белата точка.

Галатасарај со оваа победа им побегна по пет бодови на градските ривали Фенербахче и Бешикташ во борбата за шампионската титула во Турција.

Во денешното коло на турското првенство, победа забележа и Трабзонспор над Анкарагучу од 2-0. Во екипата на Трабзонспор 90 минути одигра македонскиот репрезентативец Енис Барди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести