Напаѓачот на францускиот првак Пари Сен Жермен, Мауро Икарди, се заколна во апсолутна верност на својата сопруга Ванда во војната со неговата сестра Ивана. Двете постојано се напаѓаат една со друга, но Икарди нема намера да контактира со Ивана, и застана на страната на жена му.
„Се обидов да склучам мир со брат ми. Му пишав неколку пати на социјалните мрежи, бидејќи тој ме блокирал во телефонскиот именик. Се обидов да разговарам со него, но немаше одговор” – вели Ивана Икарди.
Истотака Ванда Нара го зазеде местото на сестрата на фудбалерот како коментатор на телевизиско шоу „ВИП Брадер”. Лани таа улога ја имаше Ивана, која откри доста тајни на семејството.