Икарди не играше ниедна секунда во финалето, па Ванда имаше свој коментар, ги вмеша и децата

По поразот на ПСЖ од Баерн Минхен, сопругата и агент на Мауро Икарди, Ванда, изненадувачки им даде поддршка на Светците без никого да навреди или нападне, иако нејзиниот маж остана на клупата и не играше ниту една секунда. Навивачите на Интер го начекаа Икарди да се шегуваат на негова сметка, но Ванда не се лути што Икарди не влезе во игра, иако на тимот му требаше некој што ќе даде гол.

Ванда ги нареди своите пет деца (само двете ќерки се од Икарди, синовите се од Макси Лопес) облечени во дресови на ПСЖ и му даде поддршка на клубот кој во мај на Икарди му даде повеќегодишен богат договор. Икарди сезонава во ЛШ даде пет гола, исто колку и Килијан Мбапе.

„Среќна сум што сум дел од семејството на ПСЖ во оваа година за паметење. Момците заслужија да испишат историја. Одбројувањето до остварување на целта почнува. Такви се фудбалот и животот“, порача Ванда, која конечно се јави на социјалните мрежи без да стави нејзини разголени и провокативни фотографии, а и реткост е по пораз и неиграње на Икарди таа да биде олку позитивна.

- Оглас -

Најнови вести