Икарди објави жешка фотографија од голата сопруга Ванда, и порача: Сите ќе ставите лајк! (Фото)

Цути љубовта помеѓу фудбалерот Мауро Икарди и неговата сопруга и агент, Ванда Нара, барем според последните објави на Аргентинецот на социјалните мрежи.

Пред еден месец, Икарди објави заедничка фотографија и напиша дека Ванда била негова жена, најсакана, кралица, мајка на неговите деца и вети дека ќе ја сака до крајот на животот.

Вчера Икарди постира фотографија на која Ванда лежи во кревет и е речиси гола, на неа има само танга гаќи.

„Цел свет ќе стави лајк, но јас сум тој што фотографираше“, порача Икарди.

Неодамна и Ванда рече дека нема намера да се раздели со Мауро, со кого се заедно уште од времето кога тој имаше само 19 години.

„Со Мауро не се запознавме во дискотека, тој се заљуби во мене додека правев вечера облечена во пижами“, рече Ванда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести