Икарди погоди од пенал против четвртолигаш, но се посрамоти од игра (Видео)

Пари Сен Жермен рутински ја одработува работата во францускиот куп против четвртолигашот Фајнес и води со 2:0 со головите од пенал на Килијан Мбапе и Мауро Икарди, а токму италијанскиот интернационалец се посрамоти со неверојатна утка.

Пред да го шутира пеналот, втор за ПСЖ во првото полувреме, Икарди имаше голема утка кога остана сам пред празната мрежа, но ја погоди стативата.

Mauro Icardi miss vs Feignies from soccer

Икарди веднаш потоа доби шанса да шутира пенал, откако пред него од белата точка прецизен беше Мбапе, па и Мауро погоди за убедлива предност од 2:0 за големиот фаворит во Купот на Франција.

 

- Оглас -

Најнови вести