Новиот тренер на Интер, Антонио Конте, не сакаше да го има Мауро Икарди во својот играчки кадар, но како што стојат работите, изгледа ќе мора да соработуваат. Откако не доби задоволителна понуда, Интер реши да не го продава Икарди, и го вметна на пријавната листа за сезонава.
Новина е што Икарди ќе носи дрес со бројот 7 на грбот, а неговата досегашна деветка, ќе има нов сопственик, Ромелу Лукаку.
Икарди веќе тренира со „црно-сините“, но нема да биде на терен на понеделничкиот дуел со Лече. И неговата сопруга Ванда, објави фотографија на која е заедно со сопругите и девојките на другите фудбалери на Интер, и порачаа дека ќе бидат заедно уште една година. Плус тоа, Икарди гради нов дом во Милано, и сега само некое чудо треба да се случи, па тој да си замине од Интер до крајот на преодниот рок на 2 септември.