Икарди: ПСЖ е најдобриот тим за којшто сум играл

Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди, кој летоска си замина од Интер и се пресели во ПСЖ, воодушевен е од престојот во главниот град на Франција. Икарди, кој беше капитен на Интер, во март го отпишаа од таму, но не го продадоа на Светците, туку го позајмија.

Сепак, ниту Икарди не би сакал да се врати во Интер, му се допаѓа што игра за најсилниот тим во Франција и тим кој ќе атакува на титула и во Лигата на шампионите. Во синоќешното дерби против Олимпик Марсеј, Икарди даде два гола и придонесе за триумфот од 4-0.

„Сум играл со големи шампиони во својата кариера, но овој тим на ПСЖ е најдобрата екипа со која сум настапувал. Одлично се чувствувам, знам дека можам да постигнам уште многу голови“, изјави Икарди, кој има седум гола на седум меча.

- Оглас -

Најнови вести