Икарди се враќа во Серија А?

Мауро Икарди имаше одлична сезона во Галатасарај, со кого ја освои титулата во турскиот шампионат и го привлече вниманието на Милан, кој сака да го врати во Серија А.

Челниците на Милан ги контактирале претставниците на ПСЖ за да се распрашаат за можноста за Икарди следната сезона да ја помине на позајмица на „Сан Сиро“.

Икарди минатата сезона одигра 24 натпревари за Галатасарај во турскиот шампионат и постигна 22 гола, а имаше и седум асистенции, но по завршување на сезоната се врати во ПСЖ, каде што пак не сметаат на него.

„Спортмедијасет“ пишува дека Милан сака да го ангажира Икарди, но проблем може да претставува платата на Аргентинецот, која изнесува седум милиони евра.

Икарди од 2013 до 2020 година настапуваше за Интер и постигна 124 гола во 219 натпревари.

- Оглас -

Најнови вести