Мауро Икарди направи неочекуван потег и одлучи да остане во Интер оваа сезона. Аргентинецот смета дека клубот задоцни со обидот да го продаде, а бидејќи чека ново дете со сопругата Ванда Нара, тој одлучи да не се сели од Милано.
Понудите од Рома и Наполи беа на маса, Икарди преферираше преселба во Јувентус, но сега тој ќе остане со Нероаѕурите, иако тренерот Конте јасно му кажа дека не во неговите планови. Но, војната меѓу фудбалерот и италијанскиот гигант не завршува тука.
Имено, Икарди подготвува тужба против клубот доколку не биде регистриран за Серија А и за Лигата на шампионите, а според правилникот на ФИФА, доколку не одигра 10% од натпреварите во новата сезона, догодина ќе може слободно да го напушти клубот.
Засега Интер му додели тренер на Икарди за да тренира одделно од тимот, но италијанските медиуми велат дека ќе се обиде да се наметне кај Конте за да си ја спаси кариерата.