Мауро Икарди повторно влезе во голгетерски ритам, но тоа не е во дресот на Интер. Некогашниот капитен на Нераѕурите летово направи трансфер во Пари Сен Жермен и во последниве неколку дена погоди на два меча по ред. Прво донесе победа против Галатасарај во Лигата на шампиони, а синоќа погоди и во триумфот од 4:0 против Анже.
Веќе денеска се очекува Икарди да замине од Париз и да се врати во Милано, каде вечерва се игра дербито на Италија меѓу Интер и Јувентус. Икарди не оди во Милано за дербито на кое некогаш беше дел, туку за да биде поблиску со семејството, кое остана да живее во италијанскиот град.
Икарди вечерва ќе биде во Милано, но не и на „Џузепе Меаца“.