Икарди во мангупски стил му се заблагодари на Интер (Фото)

Мауро Икарди од синоќа е нов играч на Пари Сен Жермен. Сагата на аргентинскиот напаѓач која траеше неколку месеци, конечно заврши со негов трансфер од Интер во редовите на францускиот првак. Икарди ќе игра како позајмен играч на „Паркот на принцовите“, а ПСЖ на крајот од сезоната за сума од 70 милиони евра ќе може да го откупи неговиот договор.

Аргентинецот сакаше да остане во Интер и да се бори за место во тимот, но челниците на клубот и тренерот Антонио Конте тоа не му го дозволија и му најавија дека мора да си замине од „Џузепе Меаца“. Икарди помина шест години во Интер, а со своите добри игри успеа да стигне и до капитенската лента. Сепак, по некои недоразбирања, Икарди беше избркан од првиот тим и едноставно беше принуден да си замине.

На социјалните мрежи Икарди реши да се заблагодари на Интер за шесте години поминати во овој клуб.

„Благодарам на сѐ. Збогум“, напиша Икарди, а на фотографијата стоеја бројките на одиграни мечеви за клубот (219) и потсетник дека дал 124 гола и имал 39 асистенции во периодот од 2013 до 2019 година.

 

- Оглас -

Најнови вести