Икер Касилјас не е геј

Легендарниот голман на Реал Мадрид и на шпанската репрезентација, Икер Касилјас објави дека денеска неговиот профил на Твитер бил хакиран кога била објавена пораката дека тој е хомосексуалец.

На профилот на Касилјас на Твитер, денеска се појави порака „ Се надевам дека ќе ме почитуваш: Јас сум геј“.

Прво кој објави коментар на овој пост беше неговиот голем ривал на терените, но и пријател, капитенот на Барселона, Карлес Пујол.
„Икер, сега е момент да ја раскажеш нашата приказна“.

Овие пораки предизвикаа бура во јавноста, а неколку часа подоцна се огласи и Касилјас кој објави дека неговиот профил бил хакиран, како и дека не е хомосексуалец ѝ и се извини на јавноста и на ЛГБТ популацијата.

- Оглас -

Најнови вести