Тони Паркер се памети како еден од најдобрите француски кошаркари во историјата. Кариерата во НБА лигата ја заврши пред една година, по што се пушти во директорската работа, односно е прв човек на евролигашот Асвел. Сепак, Паркер во иднина ќе го чека уште повеќе работа доколку се случи спојување на неговиот Асвел со францускиот прволигаш Лион.
Таква идеја наводно има првио човек на Лавовите, Жан-Мишел Ола. Контроверзниот бизнисмен планира во 2023 година да се пензионира и да му го отстапи местото претседател на Паркер. Лион веќе има 25 отсто од акциите на Асвел, па затоа и спојување на двата спортски колективи е предвидено да се случи во блиска иднина, а Паркер да биде раководител.