„Ил феномено“ сака да го види Винисиус во дресот на Валјадолид

Сопственикот на Валјадолид и поранешниот „галактико“ на Реал Мадрид, Роналдо Назарио, има една желба која побара од Флорентино Перес да му ја исполни. Роналдо сака да го види својот сонародник, Винисиус јуниор во дресот на неговиот клуб, а вели дека со задоволство би го позајмил талентираниот Бразилец.

„Станува збор за фудбалер со огромен потенцијал и јасно е дека Реал може да смета на него иако е млад. Но, доколку се укаже шанса, секако дека би сакал да го видам во дресот на Валјадолид. Ако добиеме зелено светло од Флорентино Перес за позајмица, зошто да не“, истакна Роналдо.

Oсумнаесетгодишниот крилен офанзивец, летово пристигна како засилување од Фламенго за сума од 45 милиони евра. По доаѓањето на Сантијаго Солари на клупата на „кралевите“, Винисиус добива сѐ повеќе шанса, досега настапи на вкупно осум средби во сите натпреварувања на кои забележа два погодоци и четири асистенции.

- Оглас -

Најнови вести