Екипата на Струга го загуби и второто финале од Купот на Македонија во историјата на клубот, откако беа поразени од Вардар во финалето со 2-0. Тренерот на стружани, Илчо Ѓорѓиоски, му честиташе на противникот и му посака успешен настап во фудбалска Европа.
„Имавме шанси први да постигнеме гол, но за жал не реализиравме. За жал, фудбалерите не го одиграа тоа што се договоривме. Требаше да играме поофанзивно. Тоа е фудбалот, кога не даваш гол, најчесто ќе примиш. Му честитам на Вардар за победата и посакувам успешен настап во Европа.“ – рече Ѓорѓиоски.