Илејн Томпсон Хера го освои златниот медал на трката на 100 метри за жени, со резултат 10,61 секунди, што е второ најдобро време во историјата, зад светскиот рекорд на Флоренс Грифит Џојнер од 10,49, кој стои уште од веќе далечната 1988 година.
Победничкиот подиум го комплетираа сонародничките на Томпсон, Шели Ен Фрејзер Прајс и Шерика Џексон, со што потврдија дека најбрзите мажи и жени на светот се од Јамајка, и никој не може да го оспори тоа.