Ќе чека трета среќа – Мурињо нека не доаѓа во Македонија, по секоја посета добива отказ

Тотенхем потврди дека се раздели со Жозе Мурињо по двегодишна соработка, а интересно е што Специјалниот, на некој начин, нема среќа кога ќе ја посети Македонија.

Веднаш следната година добива отказ, а тоа му се случи со Манчестер јунајтед во 2018 година и сега со Тотенхем.

Во август 2017 година Специјалниот за првпат дојде во нашата земја како кормилар на Манчестер јунајтед за мечот со Реал Мадрид во Суперкупот на Европа.

Црвените ѓаволи загубија во Скопје со 1:2 од Кралскиот клуб, кој стана победник на Суперкупот и го освои пехарот.

Во декември следната година доби отказ од Манчестер јунајтед, откако во 17 кола во Премиер лигата победи само 7 пати и заостануваше за 19 бода зад лидерот на табелата.

Во Скопје и Македонија Португалецот повторно дојде лани во септември, на меч со Шкендија во квалификациите за настап во Лигата на Европа. Овојпат се радуваше на победа од 3:1, но само неполни 7 месеци подоцна, односно денеска, доби отказ од челниците на Спарс.

Неофицијално, овојпат Мурињо добил отказ поради одлуката што ја донел како протест против формирањето на Суперлигата. Португалецот не сакал да се одржи денешниот тренинг на играчите на Спарс бидејќи е против идејата Тотенхем да учествува во Суперлигата.

 

- Оглас -

Најнови вести