“Или ние или тој“: Тројца фудбалери се против враќањето на Меси во Барселона

Договорот на Меси и ПСЖ завршува ова лето и сосема е извесно дека аргентинецот нема да остане на “Паркот на принцовите“. Најголеми се шансите тој да се врати во Барселона, а тоа го сакаат и раководството на “каталонците“ и навивачите.

Сепак, според информациите од Шпанија тројца фудбалери се против трансферот на Меси на Ноу Камп. Најголем противник е Ансу Фати кој ја доби 10-ката на Меси и нема намера да ја отстапи, но тој ќе биде ставен на трансфер-листата и најверојатно ќе си замине од Барселона.

Проблем со враќањето на Меси има и голманот Андре тер Штеген, кој имаше конфликт со аргентинецот на еден тренинг пред заминувањето на Меси. Се чини дека овој конфликт не е заборавен.

Третиот фудбалер е Роберт Левандовски, кои иако изјави дека нема ништо против Меси да се врати во Барселона, откако аргентинецот изјави дека планира да игра како “лажна деветка“, се предомисли и сега се чувствува загрозен, бидејќи таа позиција е негова.

Останува да се види како ќе развива ситуацијата, со оглед на големите финансиски проблеми на Барселона и дали воопшто ќе постои можност Меси да биде регистриран за “каталонскиот“ гигант.

- Оглас -

Најнови вести