Јосип Иличиќ од утре ќе се приклучи на подготовките на Аталанта во пресрет на новата сезона во Серија А, која почнува на 18 септември. Словенечкиот офанзивец последен пат играше за Аталанта на 11 јули, во ремито од 2-2 против Јувентус, по што се врати во татковината да биде покрај семејството.
Иако се шпекулираше дека се работи за повреда, Иличиќ падна во депресија откако дозна дека неговата сопруга го изневерува. Сега се чини дека го решил проблемот и е подготвен да се врати во Бергамо.
Одличниот Словенец блескаше минатата сезона со 21 погодок во сите натпреварувања, па неговото враќање во екипата и тоа како е добра вест за тренерот Гасперини.