Илиев одличен на голот, невремето го прекина младинското дерби меѓу Арсенал и Вест хем

Дејан Илиев бранеше одлично во првото полувреме за младинците на Арсенал против градскиот ривал Вест хем, „топчиите“ апсолутно доминираа и водеа со 3-0, но поради силниот дожд мечот е прекинат.

Северен Лондон го зафати големо невреме и немаше услови дуелот на тимовите за играчи до 23 години да биде завршен.

Илиев веќе подолго време е прв голман на младинците на Арсенал, а беше пред нов меч без примен гол, прв во 2019 година, но дождот спречи сигурна победа на неговиот тим.

Стрелци на головите за Арсенал беа Нкетија, Вилсон и Мавропанос, сите тројца со искуство од настапите и за сениорскиот тим на премиерлигашот од Лондон.

- Оглас -

Најнови вести