Фудбалската репрезентација на Македонија го одржа утринскиот тренинг во тренинг-центарот „Петар Милошевски“ како подготовка за контролните натпревари против Хрватска и Чешка.
Селекторот Благоја Милевски од утре ќе биде речиси во комплетен состав со приклучувањето на Ѓоко Зајков, Столе Димитриевски, Александар Трајковски и Јани Атанасов.
Бојан Димоски со својот Акрон Тољати на први јуни игра плејоф-натпревар за влез во Првата руска лига и тој на репрезентацијата ќе ѝ се приклучи во Хрватска.
Голманот Дејан Илиев е отпимист пред дуелот против Хрватска, кој ќе се игра на трети јуни во Риека. Вториот контролен натпревар Македонија ќе го одигра на десетти јуни против Чешка во Храдец Кралове.
„Оптимисти сме, иако се работи за сосема други репрезентации во однос на последните кои ги одигравме. Хрватска е многу квалитетна репрезентација, се подготвуваат за настап на Европското првенство, но наша обврска е да го дадеме најдоброто од себе и да веруваме во позитивен резултат. Треба да бидеме претпазливи, грешки на вакви натпревари можат многу да не чинат.