Илиев замина на нова позајмица, овојпат во третата англиска лига

Дејан Илиев во претстојната сезона ќе брани за Шрусбери таун, англискиот третолигаш каде што македонскиот голман замина на позајмица.

Арсенал одново го прати на калемење откако Илиев минатата сезона ја мина во Полска, во редовите на Јагјелонија, а претходно беше во Словачка.

Во Шрусбери ќе се задржи до јануари, откако клубот беше во потрага по адекватен голман, а од Илиев се очекува да одговори на предизвикот.

- Оглас -

Најнови вести