Македонската репрезентација утре ќе биде ослабена со неиграњето на Бојан Илиевски. Дефанзивецот од Струга Трим Лум беше стартер на мечот против Белгија и одигра одличен меч.
Илиевски беше еден од најдобро оценетите, а од игра беше повлечен во 80 минута. Веднаш по тој меч, Илиевски го чекаше една друга важна мисија, а тоа е свадба. Вчеравечер во родната Битола, Илиевски го кажа судбоносното „да“ и се ожени со неговата долгогодишна придружничка Јана.