Членот на македонската фудбалска репрезентација со 21 година, Марио Илиевски е најзаслужен за убедливата победа на Кишварда од 4:0 против Ујпешт во унгарскиот шампионат.
Илиевски постигна два гола за својот тим, првиот со кој го отвори резултатот во 34-та минута, а вториот го даде во 53-та минута за 3:0.
Младиот напаѓач имаше големи заслуги и за вториот гол на Кишварда бидејќи му асистираше а Навратил.
Конечниот резултат го постави членот на сениорската репрезентација на Македонија, Бобан Николов во 68-та минута.