Спортманија во Гевгелија
Подмладената репрезентација на Македонија ја победи Швајцарија со 62-56 во контролен меч, а селекторот на македонските кошаркари Марјан Илиевски, е задоволен од она што го виде вечерва и во целиот период на подготовки за претквалификациите за СП 2027 кои почнуваат на 2-ри автуст.
„Резултатот е позитивен, но неблагодарно е сега да кажеме дека сме на одличен пат во однос на она кое следи. Но, затоа на одличен пат сме кон она што се бара од играчите, а тоа е да дадат максимум. Сите кои влегоа во игра дадоа максимум, се гледа и неискуството на одредени играчи што се рефлектираше со голем број загубени топки, но како прв за меч и краток период заеднички подготовки, може да кажам дека сум задоволен од целиот период соработка со играчите. Игравме против екипа која три години е заедно со истиот тренер. Имаме огромен простор за напредок, треба да нè красат енергијата и младоста“, изјави селекторот кој на располагање имаше 17 играчи, повеќето од нив нови имиња во А националниот тим.