21.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Илиевски: Нема еуфорија, но победата е важна кога значи почеток на нешто

Селекторот Марјан Илиевски рече дека победата над Унгарија е значајна, иако не ја сфаќа еуфорично.

„Сакам да им честитам на моите играчи, постојано разговаравме дека ни фали искуство, Покажаа дека може да се одигра еден меч во кој ќе се запознаат. Нас не краси енергија, одбрана и транзиција со брзи контри.  И проблемот со скоковите го анулиравме, целиот период кој го минавме покажува дека имаме напредок. Да им се заблгодарам на сите кои даваат поддршка на оваа екипа. Критиките се нормални, им благодарам и на оние што се критичари и ни даваат мотив плус. Апел до клубовите да сметаат на овие играчи, ни претстојат нови мечеви во ноември, тогаш ќе имаме само два заеднички денови. Не ја сфаќам еуфорично оваа победа, ова е победа на хемијата и потенцијалот на овие играчи. Но, победата значи кога е почеток на нешто“, изјави Илиевски.

„Ние повторно ќе ги повикаме сите кои летово одбија од оправдани или други причини. Јас ја создавам хемијата во тимот и сакам овие деца да имаат минутажа и тренерите во клубовите да веруваат во нив. Истиов тим би го водел уште еднаш и истиот пат би го поминал со нив. Нема тренер кој не сака квалитетни играчи, но велам, пак би го поминал истото“, додаде селекторот.

„Мора од некаде да се почне, резултатски не значеше на табелата, но за нас како подмладена селекција значи многу, па со Господ напред да стигнеме на Европско или Светско првенство. Одигравме со многу енергија, покажавме карактер, покажавме дека оваа репрезентација има квалитет и ќе се надоградува“, изјави плејмејкерот Виктор Ташовски.

- Оглас -

Најнови вести