15.8 C
Skopje
сабота, 2 август 2025

Илиевски: Овие момци со гордост го носат дресот на Македонија, посакувам полна сала и поддршка

Од кошаркарската репрезентација на Македонија во Куманово одржаа прес-конференција пред утрешниот меч со Романија од претквалификациите за СП 2027.

„Кратко време сме заедно, тимот е драстично променет од претходниот циклус. Задоволен сум од пристапот, сликата која ја имаме од двата пријателски меча е позитивна, но не смееме да се потпреме на тоа. Мора да бидеме приземни, да не гледаме на работите еуфорично. Овие играчи со гордост си го носат дресот, и она што го прикажуваат е нова енергија со која верувам пред полна сала ќе го дадат максимум. Имаме информација дека Романците немаат натурализиран играч, ќе треба да обрнеме внимание на центарските поиции, нивниот систем кој го поставил тренерот е игра под кошевите, треба да го сопреме Каце, кој е искусен и ќе дадеме повеќе фокус на него. Ќе бидеме свртени кон себе, она што ние треба да го одиграме и она во што треба секојдневно да напредуваме. Градот Куманово има спортски дух, ние што сме биле дел од таа прикана знаеме дека кумановци секојпат знаеле да ја наполнат салата и да направат атмосфера. Во наше име би побарал да бидат шести играч на тимот, очекувам да бидат во голема бројка“, рече селекторот Марјан Илиевски.

Еден од најискусните во нашата селекција е Адем Мекиќ.

„Нималку лесен противник за нас утре, но имаме млада селекција желна за докажување, гладна за успех. Со помалку искуство сме, но може да се надомести со други раблти. Би ја замолил публиката да ни даде поддршка и да биде трпелива со овие млади надежи. Сигурен сум дека секој ќе даде максимум, ќе се бодриме еден со друг, пресреќен сум што сум дел од овој тим. Најважно е да дадаме 100 проценти и да направиме конекција со публиката и јавноста“, изјави бекот.

- Оглас -

Најнови вести