28.8 C
Skopje
среда, 13 август 2025

Илиевски: Покажавме карактер!

Кошаркарската репрезентација на Македонија со денешниот пораз од Романија речиси се прости од шансите за место во квалификациите за Светското првенство кое ќе се игра во 2027 година, а селекторот Марјан Илиевски е задоволен што неговиот млад и неискусен тим психички се кренал после убедливиот пораз од Унгарија и одиграл подобро.

„За разлика од претходниот натпревар против Унгарија пред неколку дена, денеска нашиот млад тим покажа карактер и морам да бидам задоволен од моите играчи. Вакви мечеви очекувам дека ќе ни помогнат да собереме искуство за во иднина“, изјави селекторот по мечот.

Дуелот со Унгарија кој ќе го играме за една недела во Скопје ќе биде последен во овој циклус и ќе биде ревијален со оглед на тоа дека само луда теорија (победа на Романија над Унгарија на гости, а ние дома да ја победиме Умнгарија со 39 или повеќе поени разлика).

- Оглас -

Најнови вести