3.8 C
Skopje
понеделник, 24 ноември 2025

Илиевски: Вратите се отворени за сите македонски кошаркари

Кошаркарската репрезентација на Македонија ги почнува подготовките за првата фаза од претквалификациите за Евробаскетот 2029.

„Вратите се секогаш отворени за играчите. Сега надополнети сме со поискусни играчи и ќе бидат од значење, не потценувајќи ги тие кои даваа максимум летоска. Сите играат кошарка, да не ги кажуваме очекувањата, очекувам да дадеме 100 отсто. Повторно сме нови иако ова се играчи кои играле заедно, ќе се обидеме да се воиграме најдобро што можеме“, вели селекторот Марјан Илиевски.

„Вајли е тука, Мур доаѓа в среда. Имаме на располагање двајца натурализирани, ќе одлучиме кој на кој меч ќе игра. Јакимовски е дојден, многу ни значи, тој има одлична минутажа во својот клуб, игра големо натпреварување. Димитријевиќ пред 20 дена информираше дека ќе дојде, но последната недела не одговара на повиците. Доддека јас сум тука, тој ќе биде ставан на список, негово е дали ќе дојде“, објасни селекторот.

- Оглас -

Најнови вести