Селекторот на кошаркарската репрезентација, Марјан Илиевски, после поразот од Романија се осврна на неколку работи поврзани со мечот и околу него.
„Искрено жалам за поразот, беше тесно, не погодивме некои отворени шутеви. Пред мечот најавив дека ќе имаме проблем во скоковите, примивме 25 поени од втора шанса што е една третина од бројот на поени на противникот. Нè красат енергијата и транзицијата. Даваме максимум во одбрана, но ни фали искуство, овие играчи немаат значајна улога во во напад во клубовите за кои играат. Наше е да се види она што сме го сработеле. Разочаран сум од синдромот на самоуништување. Романците имале снимки и информации од нашите контроли со Швајцарија. Се гледа дека имаме потреба од играч на плејмејкерската позиција и искусен крилен центар. Имаме победнички карактер, секогаш постои надеж и никогаш нема да се предадеме однапред“, рече селекторот.
„Мислам дека покажавме карактер, но не нè посака топката во одредени ситуации, јас лично се надевам дека и јавноста ја препозна борбата и енергијата. Секој од нас остави срце на терен. Романците беа физички во предност, се виде тоа со поените од втора шанса“, изјави Адем Мекиќ.