Илија Несторовски ќе биде промовиран во нов играч на тим од Серија Б

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски се очекува и во новата сезона да остане да игра во Италија и тоа во дресот на Асколи во Серија Б. Според најавите од повеќе италијански медиуми, Асколи сега е прв фаворит за да го добие потписот на Несторовски, кој во моментов е слободен играч и е без клуб.

Асколи има проблеми во нападот и загуби во првите две кола од Серија Б и тоа без да постигне ниту еден гол. Несторовски треба да го завземе местото на Франческо Форте кој ја имаше улогата на голгетер во тимот.

Тернана и Козенца беа клубови кои се споменуваа како можни нови дестинации за Несторовски, но сега Асколи излезе во преден план и се очекува во најскоро време да биде потпишан и договор.

Несторовски кој има 33 години, од 2019 до 2023 година беше дел од тимот на Удинезе, а претходно во италија има играно и во Палермо и тоа три сезони. Негови поранешни екипи се и Интер Запрешиќ, Металург, Викторија Жижков, Словачко и Победа.

- Оглас -

Најнови вести