Илинден го претрпе првиот пораз, сега Марино е нов лидер на табелата

Пролетниот дел од општинската лига Гази Баба започна со дерби меѓу Марино и Илинден, а на крајот се радуваа домашните фудбалери на триумф од 1:0. Ова беше дуел од 11. коло, a Илинден го претрпе првиот пораз сезонава.

Дербито беше решено во 84 минута кога Муамедин Хасани го матираше голманот на гостите за голема радост на фудбалерите на Марино.

По ова коло, Марино е нов лидер на табелата со 27 бодови, Илинден остана на 26 бодови и сега е на второто место додека третата позиција е за екипата на Бујковци со 22 бодови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести