6.8 C
Skopje
понеделник, 17 ноември 2025

Илинден со 4:2 го победи Миладиновци и стигна до петтата победа сезонава

Екипата на ФК Илинден со 4:2 славеше на гостувањето во Кадино против Миладиновци во меч од осмото коло во општинската фудбалска лига Гази Баба. Илинден ја имаше фаворитската улога пред мечот, а тоа беше потврдено со добра игра на теренот и четири постигнати гола, по два во двете полувремиња.

Искусниот Тасевски погоди во 14-тата минута, а само една минута подоцна, нова радост за Илинден донесе Крстевски, постигнувајќи го вториот погодок за гостите.

Домашниот тим на Миладиновски потоа успеваше да одолее на противничките напади, но тоа беше до 70-тата минута, кога Трајчевски го постигна третиот гол за Илинден. Пет минути подоцна следуваше нова радост за Илинден, кога Илиевски ја комплетира голеадата за нови три бода, кои се многу важни во трката за првото место на табелата.

За Илинден ова беше петта победа во седмиот меч и сега има 17 бода, само еден помалку од Марино 2024, кој е лидер со 18 бода, но има одиграно еден меч повеќе.

Следното коло се игра на 23 ноември, а Илинден ќе биде домаќин во пресметката со Ускуп 1911, ривал кој има само две победи и пет порази во досегашниот дел од првенството.

- Оглас -

Најнови вести