Илјадници македонски знамиња, па молк каков што не се памети, а тивко е и на терен (Фото)

Околу 25.000 фанови се присутни на Арената „Тодор Проески“ на вечерашниот меч меѓу Македонија и Велс, а по гласно испеаната химна, на стадионот завладеа тишина, неверојатен молк каков што не се памети, и тоа во знак на почит кон настраданите во огромната трагедија во Кочани.

Целиот приход од денешниот натпревар ќе оди во хуманитарни цели, за семејствата на жртвите во трагичниот пожар во дискотеката во Кочани.

Инаку, помина половина час, а уште нема гол ниту некои стоотстотни шанси. Прилично мирно е и на теренот.

- Оглас -

Најнови вести