Им дадоа 13 гола, па ги тешеа (Видео)

Репрезентацијата на САД го растури Тајланд со 13-0, што е рекордна победа на еден натпревар од женско Светско првенство. Досега рекордот беше 11-0, кој го оствари Германија во 2007 година. Американките немаа милост кон ривалот додека траеше мечот, но по завршувањето, постапија фер-плеј и ги тешеа тажните девојки од Азија.

Алекс Морган со 5 гола ја најави кандидатурата за прв стрелец и МВП на Мундијалот. Головите паднаа од 12-тата до 87-мата минута. Ова беше средба од првото коло на СП и наредните мечеви на овие селекции ќе покажат дали САД се многу силни или Тајланѓанките кои се дебитантки на СП залутале на завршницата.

Погледнете ги сите 13 голови:

- Оглас -

Најнови вести