Контроверзниот потег на белгискиот клуб Антверпен да го назначи Марк Овермарс за нов технички директор им донесе многу главоболки и буквално и егзодус на спонзорите.
Овермарс мораше да го напушти Ајакс со обвинение дека им праќал непристојни пораки и фотографии на неколку жени што работат во холандскиот фудбалски гигант.
Челниците на Антверпен одлучија да ја игнорираат ситуацијата и го ангажираа Овермарс, па сега се соочија со заминување на четири спонзори и една болница.
Премиум спонзорот Federale Verzekering, потоа и спортскиот бренд за нутриционизам Sport Nutrition и Descroes објавија дека си заминуваат и дека ги раскинуваат договорите.
Да биде уште полошо, повлекување на соработката со Антверпен најави и најголемата и најпозната во ланецот болници во Фландрија, ZNA group.