Им дозволивме на Црногорците да испишат историја

Црна Гора ја победи Македонија и испиша историја за нивниот ракомет на Европските првенства. За Црногорците ова е само втора победа на континенталните собири и најефикасен триумф за нив.

Претходно во 20 меча на европските првенства, Црна Гора имаше само една победа и тоа минимална со само еден гол во дуел притив Србија. Сега тие одиграа одличен меч против Македонија и во ниту еден момент не дозволија да бидат во негатива, па на крајот заслужено победија и тоа со четири гола разлика.

Во последното коло од групната фаза Црна Гора и Словенија во директен дуел ќе решаваат за патникот во следната фаза.

- Оглас -

Најнови вести