Им ги урна амбициите за атак на Премиер лигата – Џерард ја одби понудата на Бристол сити

Стивен Џерард ја одби понудата на Бристол сити да биде менаџер на членот на Шампионат лигата, кој има големи амбиции за следната сезона.

Бристол сака да атакува на пласман во Премиер лигата идната сезона и му понудија на Џерард да им биде тренер и да ги води низ искушенијата во Шампионат лигата следната сезона.

Тоа беше и шанса за англиската легенда да се врати во својата земја, иако не е далеку бидејќи работи во Шкотска, но тој одлучи да ја одбие понудата на Бристол сити.

Џерард има договор со Глазгов ренџерс до 2024 година, а не крие дека во иднина би сакал да биде тренер на својот омилен клуб Ливерпул.

Популарниот Стиви Џи во Европа играше само за Ливерпул и тоа 17 години, од 1998 до 2015, а потоа се пресели во МЛС-лигата, каде што одигра една сезона за Лос Анџелес галакси, по што во 2016 година се прости од активната кариера.

Две години подоцна ја прифати понудата на Глазгов ренџерс, што му беше и деби како тренер.

- Оглас -

Најнови вести